Заев: Нема да гласаме за резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ ако остане името со кое е поднесена

Не се работи за инает или за некаков каприц. Се работи за принцип, се работи за Уставот. Недозволиво е премиерот, владејачкото мнозинство, институциите на сиситемот да гласаат спротивно на Уставот. Тоа испраќа порака дека го дерогираме целиот систем, изјави Заев

181

Нема да гласаме за резолуцијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ за разговорите со Бугарија, доколку остане со името како што е сега поднесена, изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање.

– Не се работи за инает или за некаков каприц. Се работи за принцип, се работи за Уставот. Недозволиво е премиерот, владејачкото мнозинство, институциите на сиситемот да гласаат спротивно на Уставот. Тоа испраќа порака дека го дерогираме целиот систем – изјави Заев, додавајќи дека Уставот треба да се почитува.






Прашан дали СДСМ ќе ја поддржи резолуцијата што била поднесена и прифатена од претседателот на Собранието Талат Џафери со предложената формулација на името, Заев одговори дека најважно е што се согласуваат за суштината и за содржината на резолуцијата.

Владата и владејачкото мнозинство, посочи Заев, истовремено ги застапуваат институциите на системот на државата и не е дозоволиво да помислат нешто што е спротивно на Уставот или на Законот за ратификација на Преспанскиот договот.

Тој информира дека разговарале со најголемата опозициската ВМРО-ДПМНЕ за да се изнајде решение, при што било заклучено дека процесот треба да продолжи, но при тоа мора на дневнен ред да продолжи дискусијата согласно Уставот и Законот.

– Во едни такви околности ќе се обидам да разговарам со раководството на ВМРО- ДПМНЕ или нашите минситри кои комнуницираат со раководството на ВМРО, за да усогласат став за да не се пропушти можноста да застанеме заедно зад тоа што сите се согласуваме – изјави Заев, кој заедно со градоначалниците на Скопје, Петре Шилегов и  на Општина Карпош, Стефан Богоев, присуствуваше на почетокот на изградбата на клучката меѓу булеварите „Никола Карев“ и „8 Септември“ кај Момин Поток.

Заев наведе дека ВМРО-ДПМНЕ знаеле „да направат ограда за Преспанскиот договор“, а да поддржат нешто што е важно за граѓаните.

– Мислам дека тука треба да се бара решанието. Ние ќе поддржиме текст што ВМРО- ДПМНЕ го предложи, но очекуваме флексибилност од нивна страна за да не се случи и инситуциите не само владејачките партии да се доведат во позиција да го кршат Уставот- изјави Заев.

Поврзани содржини