ЗАЕВ НЕКА ИМ ГИ ЗЕМЕ ТАСТАТУРИТЕ ВО СДСМ Политиките на Венко Тенко се како од детска градинка, реагира ВМРО-ДПМНЕ
бидејќи Венко е единствен функционер во СДСМ и единствен со златна виза од друга држава, резервна татковина за бегство, добро е да објасни на јавноста за потешкотиите при составувањето на органите на партијата, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
Бидејќи талкаат и се целосно обвиени во сопствената безидејност, со единствена намера да ги спасат Зоран Заев и Венко Филипче, ќе им дадеме конкретен предлог и задача на луѓето од СДСМ, реагира ВМРО-ДПМНЕ на денешните соопштенија на опозициската партија.
„Првата е да ја преименуваат сопствената платформа во Венко, а може да се вика и Тенко, затоа што таков им е рејтингот и довербата од граѓаните. Втората е ако веќе толку сакаат криминал, тогаш првите случаи со кои ќе се позанимаваат е оној со Модуларната болница од Тетово каде изгореа 14 луѓе, во време кога Венко Тенко беше министер. Нека се позанимаваат со Енис Колашинац и врската со Вице Заев при набавката на јагленот, како и со префрлањето пари и провизии на фирма во Бугарија“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
Може да се позанимаваат и со тендерите во Министерството за здравство, каде редовно паѓаа на омилените фирми на Венко Филипче, се додава во реакцијата.
„Третата задача, бидејќи Венко е единствен функционер во СДСМ и единствен со златна виза од друга држава, резервна татковина за бегство, добро е да објасни на јавноста за потешкотиите при составувањето на органите на партијата. Зошто никој не му се пријавува на позиција и каде се ги однесе списоците за да му ги одобрат предлозите за горење нови луѓе во политиката. Дали Заев ги одобри истите“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Овие три задачи се добра основа да се потврди главната работа дека СДСМ е во заложништво поради желбата за спас на кариерите на Заев и Филипче“, се додава во соопштението.
Во врска со соопштението на СДСМ со наслов „Мицкоски побегна од Резолуцијата, дури во Брисел“, од ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека Самитот Западен Балкан е закажан половина година порано.
„СДСМ води политика адекватна на детска градинка. Или Заев нека им ги одземе тастатурите во штабот на СДСМ или СДСМ на наредните избори ќе има помалку од 100.000 гласови“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ денеска соопшти дека лансирале дигитална платформа за борба против корупција и криминал што ја нарекле МИЦКО, кратенка од Македонски истражувачки центар за корупција и организиран криминал, каде што ќе ги објавуваат нивните т.н. бомби, односно информации за наводни корупциски операции во Македонија.