Заев не верува дека ќе имаме нов карантин, но ветува дека ќе фрчат казни

Премиерот рече дека никој не сака граѓаните да ги осиромаши со казни, но кога се работи со здравјето и животот, не смее да се тактизира.

2,390

Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју на МРТВ, каде што одговара на прашањата кои му ги поставуваат уредниците од повеќе медиуми, вели дека е исклучително важно сите луѓе да ги почитуваат мерките и препораките за заштите од ковид-19.

Тој вели дека засега не верува дека повторно ќе се врати карантинот на сила, но како што додава, сето тоа зависи од сите нас.






– Доаѓа сезона на грип, потешко време од летото, треба да ги почитуваме мерките. Не верувам дека ќе имаме карантин, но тоа зависи од сите нас. Маските на лице нè штитат да имаме нормален живот. Дома кога сме затворени тоа може да претставува проблем. Тоа го знае и Комисијата за заразни болести. Знаеме сите да се опуштиме и треба тоа да го избегнуваме во секој момент. Се работи за нашето здравје и се работи за здравјето на нашите блиски, на нашите блиски повозрасни, болни, баби, дедовци. Да ги почитуваме експертите и професионалците – рече Заев.

Тој истакна дека целиот процес на справување со коронавирусот којшто се одвива во нашата земја е транспарентен, целосно отворен, со сите сугестии и го држи просекот од целиот регион.

– Ниту сме нешто повеќе, ниту сме нешто помалку во делот на успесите или неуспесите во справувањето со ковид пандемијата. Верувам дека во иднина само транспарентноста и почитувањето на стручните луѓе ќе дава резултати. Треба да водите грижа кога бараме помош од надвор дали дома имате неискористени капацитети. Имаме ние професионални лекари, сите се ставаат на располагање. Јас им симнувам капа, огромна благодарност за нивната посветеност – рече Заев.

Очигледно дека треба да има позасилени контроли и повидливи резултати од санкционирањето, додаде тој.

– Мое очекување од сите надлежни по хиерахија е комплетно целосно постапување – рече премиерот, одговарајќи на прашањето за текот на санкционирањето на прекршителите на мерките за превенција од вирусот.

Тој објасни дека никој не сака граѓаните да ги осиромаши со казни, но кога се работи со здравјето и животот, не смее да се тактизира.

– Ќе ги враќаме прарите кај граѓаните преку социјални пакети. Јавно зборувам дека очекувам санкционирање на сите без оглед дали станува збор за правен субјект, физичко лице, кои прво не го почитуваат своето, а потоа и коелктивното здравје – потенцираше Заев.

Поврзани содржини