Ова е успех на нашиот народ, на многу генерации, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев за почетокот на преговорите со ЕУ. Тој додаде дека честитки стигнале од сите, од многу лидери на ЕУ, но не и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
– Честитаа владините и коалициските партнери. Не стигна честитка од опозицијата, но би било добро да му честитаат на нашиот народ. Мегдан за битки ќе има многу, но должни се да го поздрават да му се израдуваат и да му честитаат на нашиот народ – рече Заев одговарајќи на новинарско прашање дали ВМРО-ДПМНЕ честитале за одлуката за почеток на преговорите со ЕУ.