Заев: Не очекувам интервенции во Преговарачката рамка за ЕУ

172

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска изјави дека не очекува интервенции во Преговарачката рамка за членство во ЕУ, која е веќе на маса. 

– Нормално е дека во Преамбулата стојат и Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Република Бугарија, затоа што тоа е преземена обврска од наша страна да се реализира до крај низ годините пред нас. Секако Европската Комисија која е репрезент на сите земји – членки на ЕУ усвои преговарачка рампа и ја задолжи нашата земја и целото европско законодавство да го преведе на македонскиот јазик.Тоа за мене е голема работа, којашто уште еднаш значи признавање на нашиот идентитет нашиот македонски јазик. Македонската комисија, земјите членки на ЕУ, ова е почетокот на официјализирање на македонскиот јазик во службен јазик на ЕУ, со којашто се стекнуваме со полноправното членство – рече Заев во изјава за медиумите во Велес. 






Лидерот на СДСМ рече дека нашиот јазик ќе се изучува во библиотеките на главните градови на европските држави.

– Тоа само по себе значи распламтување на македонскиот оган кој што ќе биде како и сите посебни нации и идентитети дополнително потврден и валоризиран, рамноправно еднакво како што Европа знае да го направи – потенцира Заев.

Поврзани содржини