Заев: Не очекувам блокада од Бугарија за нашето членство во ЕУ

Бугарскиот народ сака да му помогне на македонскиот народ, македонскиот народ сака пријателски да биде определен кон бугарскиот народ и така ќе се движат и самите политичари или институции соодветно на желбата за пријателство и за уште поголема соработка - рече Заев.

292

Бугарија е европска земја и верувам дека во самите разговори, во самите документи е заради нивните напори, амбиции и оправдани желби да се најде заедничкото решение на заедничкото чествување на Гоце Делчев. Никако не очекувам да имаме пречки во тој дел заради тоа што дефинитивно од почетокот до ден денес Бугарија е еден од најголемите, ако не и најголем поддржувач на Република Северна Македонија во интеграциите во ЕУ, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција по повод Светскиот ден на наставниците.

– Бугарскиот народ сака да му помогне на македонскиот народ, македонскиот народ сака пријателски да биде определен кон бугарскиот народ и така ќе се движат и самите политичари или институции соодветно на желбата за пријателство и за уште поголема соработка – рече Заев.






Тој повтори дека дека идентитетските прашања, македонскиот јазик и народ се право на самоопределба што не може да се оспорува.

Поврзани содржини