Заев: Не ми пречи пркосот на Пауновски, туку инаетот и одбивањето да разговара и да спроведе закон

907

Премиерот Зоран Заев вели дека нему не му пречел пркосот на директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски што Владата вчера го разреши, туку, како што рече, му пречи неговото инаетење и  одбивањето да спроведе закон кој се однесува на распределбата на административните работници примени согласно Рамковниот договор.

– Жалам за коментарите дека ми пречел пркосот. Пркосот навистина е вредност и кога тој доаѓа и од институција е исто така вредност, но инаетењето и неспроведувањето на Одлука на Влада и на етичката поставеност дефинирана во норматив што се вика Етички кодекс не е – рече премиерот Заев одговарајќи на пратеничко прашање на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова во врска со разрешувањето на Пауновски.

Заев нагласи оти Пауновски не сакал да го спроведе законско решение кое го донел македонскиот Парламент односно планот од К-5 програмата за конечно, како што рече, 1.349 веќе вработени лица според програмата за правична застапеност на конкретни работни места и со конкретен ангажаман во 237 институции.

На ваков начин, рече, се решава долгогодишен проблем, односно се активираат за активирање на овие „рамковни“ службеници кои со години седат дома, а земаат плата. Според премиерот Заев, директорот на ДПИ Пауновски одбивал да комуницира и и оти ако имал некави забелешки и аргументи требало да ги соочи со членовите на Владата.

 

Поврзани содржини