Заев не издржа и откри: Германска WPD ќе гради ветерници во кумановско-кривопаланечкиот регион

Ќе направиме се да постигнеме договор и да влеземе во Парламентот со Законот за стратешки инвестиции, изјави премиерот.

2,105

Германската компанија ВПД (WPD) ќе го гради ветерниот парк на потегот Куманово – Старо Нагоричане – Крива Паланка од 400 мегавати, што го најави премиерот Зоран Заев при презентацијата на Интервентниот план за инвестиции за следните 6 гопдини.

Ова го откри премиерот во емисија на ТВ Клан во која рече дека компанијата ќе вложи 500.000.000 евра за да го реализира проектот.






Инвеститорот, како што информира Заев, го доставил целиот пакет на документација во Владата и веќе завршуваат финалните преговори.

– Се работи за инвеститор кој има веќе 5 000 мегавати изградено од кои што овде на Балканот се 500 мега-вати ветеренци. Ќе направиме се да постигнеме договор и да влеземе во Парламентот со Законот за стратешки инвестиции – најави премиерот.

Германската компанија има инсталирано ветерници и фотонапонски централи во 28 земји  во  Европа, Азија и на американскиот континент.

 

Поврзани содржини