ЗАЕВ НЕ ДАВА ОСТАВКА ЗАШТО СЕ ПЛАШИ ДА ОДГОВАРА ЗА КРИМИНАЛИТЕ Димче Арсовски оценува дека тоа е погубно за СДСМ
ВМРО-ДПМНЕ оценува дека Заев ја киднапирал и сопствената партија покрај пратеник од друга.
ВМРО-ДПМНЕ и денеска побара премиерот Зоран Заев да ја поснесе најавената оставка.
Портпаролот на партијата Димче Арсовски на денешната прес-конференција рече дека Заев се плаши да одговара за криминалите и затоа не поднесува оставка.
– Напротив, за да не му падне Владата, Зоран Заев ја киднапираше и партија, неговата партија, но и киднапираше пратеник од друга партија за да не влезе да гласа против неговата Влада.Партијата која што помеѓу првиот и вториот круг најавуваше прогрес, всушност е партија која што е водена од нарко картел. Прогресот замислете почна да киднапира.Ако го погледневте лицето на Зоран Заев од Собрание, ќе сфатевте дека тој е уценет и киднапиран човек од своите криминални пориви, плашејќи се да не одговара за сето она што го правел, да не заглави во затвор и мораше да ја киднапира и целата негова партија и да киднапира пратеник од друга партија. Класични криминалци, апаши, киднапери, функционираат како картел, исто како во јужноамериканските филмови.- рече Арсовски.
Арсовски рече дека Заев дури не им верува на сопствените пратеници.
– Да веруваше Заев во своите пратеници ќе ги пуштеше да влезат внатре и да гласаат. А, не сега да ги пушта по телевизии да го бранат за да не понесе одговорност и да не си даде оставка – рече тој.
Според него до наредните избори довербата кај граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ ќе расте.
– Што подолго чекаат СДСМ и Зоран Заев за оставките, толку поболен ќе им биде падот од власт, верувајте. Моментално, фигуративно демонстрирано, тие веќе не се партија на власт, тие се само криминална компонента која што се одржува на апарати уште некои или како што тие велат на неодредено време – рече Арсовски.