Заев на „Топ тема“: Ќе поднесеме кривична за Чулев, не ја исполни својата обврска во Струга

Се работи за принцип, санкциите се применуваат за да не се повторат прекршувањата - рече Заев во вечерашното гостување на емисијата „Топ Тема“ на Телма.

1,728

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, најави дека ќе биде поднесена кривична пријава против министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, за масовното групирање што се случи на литијата во Струга, бидејќи, како што рече, како министер тој не ја исполнил својата должност.

– СДСМ ќе поднесе кривична пријава против министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, затоа што не ги исполни очекувањата како министер. МВР однапред знаело дека се подготвува овој настан, беа претходница на случувањата, а тоа не смееше да се случи бидејќи има забрана за групирање. Се работи за принцип, санкциите се применуваат за да не се повторат прекршувањата – рече Заев во вечерашното гостување на емисијата „Топ Тема“ на Телма.






Тој потсети дека СДСМ и премиерот Оливер Спасовски побарале оставка од Чулев, бидејќи тој бил единствено надлежен да ги санкционира случувањата со литијата во Струга.

– Државата не ги затвори верските објекти, туку воведе рестриктивни мерки да не смеат граѓаните да се групираат. Мерките мора да ги почитуваат сите, бидејќи никој не е над законот, законите важат за сите подеднакво – додаде Заев.

Поврзани содржини