Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во dневникот на телевизија Сител ги повика сите политички субјекти да се однесуваат конструктивно и одговорно и да не се впуштаат во авантура за ситни политички поени, оти од надминувањето на здравствената и економската криза зависи иднината на државата.
– Ние треба заедно да се избориме против короната и заедно да ја спасиме економијата. Популизмот и политичката одговорност мора да останат на страна затоа што ако се водиме од тоа ќе не чини и како народ и како држава. Одложивме избори, нема избори, да се насочиме сите чесно кон народот да ја изменаџираме здравстевната криза, па потоа и еконмската. Мерките се тука, ајде да ги спроведеме – рече тој и испрати апел до општествените чинители сериозно да и пристапат на ситуацијата која наложува внимателност и заедништво, наместо политички поделби и политички профит.