Заев најави еколошка такса и за јагленот

Оваа такса, како што наведе премиерот, е во рамки на нашето усогласување со европските договори, а парите и од оваа такса ќе бидат наменети за проекти за зелената енергија.

289

Премиерот Зоран Заев денеска најави дека во наредните години ќе биде воведена и еколошка такса на јагленот и производството на електрична енергија од јаглен што го поврза со  усогласувањето со политиките на ЕУ и обврските од Парискиот договор. Вчера тој информира дека од 1 јули се воведува еколошка такса за нафтата и нафтените деривати.

Парите од овие такси, како што изјави денеска премиерот, ќе бидат наменети за дополнителни проекти за зелена енергија.






– Донесовме Стратегија за развој на енергетиката до 2040 година, во која се предвидени три сценарија, основно, умерено и зелено сценарио. Добивме поттик од невладиниот сектор и од меѓународните организации, да го имплементираме зеленото сценарио, што значи поголеми инвестиции во чиста енергија, обновливи извори на енергија, затворање на термоелектраните на јаглен, инвестиции во енергетска ефикасност. Сите овие инвестиции бараат финансиски средства, некои ќе бидат обезбедени од Буџетот, додека останатите од приватни инвеститори. Праведната транзиција меѓу другото значи и тие што загадуваат да плаќаат пенали, со цел да се обезбедат средства во Буџетот за успешно спроведување на праведната транзиција. Нема успешна енергетска транзиција, доколку не ја направиме истата да биде праведна. На тој начин ќе обезбедиме чиста животна средина за нашите деца и за идните поколенија – објасни Заев

Поврзани содржини