ЗАЕВ МУ РЕЧЕ НА МИЦКОСКИ ДА НЕ ТРОПА Мицкоски му возврати дека не тропа туку ја зборува вистината за модуларната

Ако имате малку грижа на совест нема да размислувате, туку ќе ги прифати оставките. 14 човечки животи згаснаа заради неспособноста на власта - рече Мицкоски.

8,766

Не сум видел некој, толку желбата за власт да го прави човекот политички профитер. Од ракав тропате работи кои се далеку од вистината. Спроведена е постапка според закон, треба истражните органи да кажат. Дадено е решение за примопредавање. Се работи за објекти за времено сместување на пациенти, му реплицираше премиерот Зоран Заев на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во дебата за изгорената модуларна болница во Тетово во лидерскиот дуел на Канал 5.

Мицкоски не му остана должен на премиерот и му одговори:






– Не тропам туку ја зборувам вистината.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се повика на Службен весник за измените на Законот за градење. Мицкоски рече дека актуелната влада направила измени на законот со кои за такви објекти не е потребна употребна дозвола.

Мицкоски рече дека ќе бидат упорни сѐ додека не излезе вистината на виделина за модуларната болница.

– Зборуваме за да спасиме човечки животи оти ситуацијата е загрижувачка. 14 лица ги загубија животите а тоа е резултат на лошото менаџирање. Ако ги погледнете во очи луѓето кои загубија блиски ќе го видите сиот гнев. Ако имате малку грижа на совест нема да размислувате, туку ќе ги прифати оставките. 14 човечки животи згаснаа заради неспособноста на власта – рече Мицкоски.

Заев повтори дека ќе почека дали ќе ги прифати оставките на министерот за здравство и на заменико, Венко Филипче и Илир Хасани откако ќе се добијат резултатите од истрагата.

– За жал се случи страшна трагедија, оставките се поднесени од морални причини. Се работи за министер и за заменик министер за здравство кои досега во пандемијата сработија големи предизвици – рече Заев.

Според него, со тоа покажува каков однос има кон луѓето кои сработеле во пандемијата.

Мицкоски му се обрати на Заев дека претпоставува дека премиерот ги слушнал криците кои доаѓале од модуларната болница.

– Шокиран сум од изјавата на премиерот кој рече дека знаел дека нема одобрение за градба на тие објекти и дека тоа е банална работа – рече Мицкоски.

Според Заев, ако има констатирана вина на Венко и на Хасани, таа ќе биде само импут за тоа дали ќе ги прифати оставк.

– Да се злоупотребува за политички цели оваа трагедија е страшно. Одговорноста кај мене е поголема оти сум претседател на Владата. Поставивме модуларни болници за кои не е потребна употребна дозвола. Се прави примопредавање. Злоупотребата на трагедијата за политички цели народот ја препознава. – рече премиерот. Јас реков банално е дали има некој што може да го замени Заев, тоа е банално а не трагедијата

Мицкоски му возврати дека Македонија одамна го поминала италијанското сценарио и дек сега се движиме кон авганистанското.

– Не ја говорите вистината. Кога бевте градоначалник важеше Законот за градење. Но во 2020 направивте измени на законот за градење. Кој е проектант на модуларните и кој е потписник за нивно поставување. Дали еднаш ќе признаете вина – го праша Мицкоски премиерот Заев.

Поврзани содржини