Заев му подари знамиња на Мицкоски, тој вети дека ќе ги постави во својот кабинет
На ова Мицкоски се заблагодари и истакна дека знамињата ќе ги постави на Универзитетот каде што работи како професор.
Ова е последно наше соочување со господинот Мицкоски, па јас сакам нешто да му подарам затоа што го почитувам како човек и како шеф на опозицијата, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешниот ТВ дуел со својот најголем политички опонент.
Тој му подари потпишана програма од СДСМ, а и неколку знамиња.
– Ова е програма на СДСМ потпишана од Зоран Заев и тоа е многу важно. И би сакал да му подарам македонско знаме за повеќе да си ја сака татковината и да отвора простор за подобра иднина во оваа наша татковина. Му подарувам и знаме од НАТО и едно знаме од ЕУ. Ова сакам да го дадам како подарок на Мицкоски, бидејќи ова ни е последно соочување – рече Заев.
На ова Мицкоски се заблагодари и истакна дека знамињата ќе ги постави на Универзитетот каде што работи како професор.
– Вие ја добивте програмата на ВМРО-ДПМНЕ, па би било премногу сега јас да ви ја дадам. Јас првпат слушам дека ова е нашето последно соочување, но ако е така, и ако Заев цени дека ова е последно соочување, тогаш не знам што да кажам. Јас мислев дека ќе имаме уште соочувања – рече Мицкоски.