Мицкоски е изгубен во вселената, сум разговарал со него, но и со Груевски. Тука имаше муабет, барем се знаеше на што си. Со Мицкоски тоа не е можно, изјави премиерот Зоран Заев во „Само интервју“ на Канал 5.
Тој додаде дека со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не успеал да договори ништо.
– Човекот е преговарам, да не се договорам. Барем став да имаше, ќе помогнеше, вака без став ништо не правиме. Со Груевски барем имавме договор – вели Заев.
За премиерот, ако има дијалог со опозицијата, државата ќе оди уште понапред.
– Го знае тоа и Мицкоски, граѓаните сакаат да не видат заедно барем за едно прашање. Мораме да седнеме и да разговараме – рече Заев.