ЗАЕВ, ЛОШ РЕЗУЛТАТ, СЕДИ! Анкетата на ИПСОС покажа што мислат граѓаните за премиерот во оставка
64 отсто од испитаниците не се задоволни од борбата против корупцијата, а 55 отсто од пакетот мерки во економијата за справување со ковид-кризата. ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ со 9 отсто.
Лош резултат од работата – 53 отсто. Добар резултат од работата – 29 отсто. Вака работата на Зоран Заев како премиер на државата ја оцениле испитаниците во теренската анкета којашто за потребите на ВМРО-ДПМНЕ ја спровела агенцијата ИПСОС, од 6 до 20 декември годинава, на репрезентативен примерок од 1.023 испитаници.
На прашањето „Како ја оценувате досегашната борба на Владата против корупцијата?“, испитаниците одговориле: незадоволителна 64 отсто, а задоволителна 29 отсто.
55 отсто од анкетиранире не се задоволни од пакетот мерки во економијата што ги донесе владата за справување со ковид-кризата, а 37 отсто се задоволни.
Според вчера објавените резултати, ВМРО-ДПМНЕ има стабилна предност во однос на СДСМ од досега највисоки 9 отсто, а огромно мнозинство смета дека државата оди во погрешна насока.
Ова е рејтингот на партиите според оваа анкета: ВМРО-ДПМНЕ 21 отсто, СДСМ 12,5 отсто, ДУИ 7,2 отсто, Левица 4,3 отсто, Алијанса на Албанците 3,3 отсто, Беса 0,7 отсто, ВМРО-Народна 0,5 отсто, Интегра 0,4 отсто, ЛДП 0,4 отсто и другите под 0,2 отсто. Во обвој момент неодлучни се 19,2 отсто, одбиваат да одговореат 18,1 отсто, а нема да гласаат 11,1 отсто од анкетираните.