Заев: Лично сметам дека од септември наставата треба да биде со физичко присуство
Премиерот рече дека во понеделник Штабот ќе осдржи состанок на кој ќе бидат соопштени деталите за евентуалното олабавување на мерките во однос на рестораните за свадби и можностите за присуство на трибините во сали и на стадион.
Комисијата за заразни болести е таа што одлучува, но јас би сакал наставата од септември да биде со физичко присуство ако кови-ситуацијата тоа го дозволува, изјави премиерот Зоран Заев кој додаде дека тоа е само негов личен став.
-За училиштата имам свој став. Но, секако, најважно е каква ќе биде состојбата кон крајот на август. Сепак, јас лично сум за настава со физичко присуство. Мислам дека ќе имаме стабилна состојба и тоа би требало да биде добра основа за настава со физичко присуство. Ако потоа има потреба ќе одиме со затварање или други мерки – рече Заев.
Тој информира дека во понеделник Штабот треба да одржи состанок на кој ќе бидат соопштени деталите за евентуалното олабавување на мерките во однос на рестораните за свадби и можностите за присуство на трибините во сали и на стадион.