Заев: Левица стана и десница и е контра сѐ

Дуел секојпат е прифатлив, тоа може да значи информација повеќе за граѓаните, комплетно отворање на сите важни прашања и секако секој пат сум подготвен да разговараме за сѐ.

577

Верувам дека ќе се изнајде решение. Навистина не ја сфаќам логичноста на Левица. Левица испадна и десница, испадна и контра сѐ, изјави премиерот Зоран Заев на новинарско прашање за блокадата на Законот за државјанство од пратеничката група на Левица.

– Значи, ако се натпреваруваат со ВМРО-ДПМНЕ кој повеќе ќе блокира закони ќе ги добијат резултатите на изборите. Законот за државјанство се однесува за сите наши граѓани. И воочена е потребата и е признаена од сите, од опозиција, од власт, од сите. Ова е решение кое што го најдовме по европските стандарди.Власта и најголемите албански опозициски партии најдовме решение. И сега да се блокира? Јас не можам да ја сфатам која е причината за ова, но постојат алатки согласно Деловникот на Парламентот и ја испочитува опозицијата колку и да била мала таа како Левица треба да се испочитува, но законот ќе се донесе. Немам дилеми дека законот ќе се донесе – изјави Заев.






Тој рече дека е подготвен за дуел со опозицијата, посочувајќи дека многу е важно да се посветат на работите што се договорени на последната лидерска средба. Таму, како што рече, имаме договорени сериозни работи кои носат свои обврски.

– Дуел секојпат е прифатлив, тоа може да значи информација повеќе за граѓаните, комплетно отворање на сите важни прашања и секако секој пат сум подготвен да разговараме за се – додаде Заев.

Тој истакна дека се подготвени да разговараат за сите детали, посочувајќи дека има дваесетина закони коишто се блокирани.

Заев потенцираше дека за сметка на прифатените барања од страна на опозицијата, тие требало да ја одблокираат работата на Собранието.

–  До ден денеска има 20-ина закони коишто се блокирани.  Не е коректно. Апелирам, ако е до нас да кажат спремни сме за детали да разговараме. Аферим за тоа што е одблокирано. Еве, постигнат е договор за законот за пензионирање, пет месеци пролонгирање – прифативме, во ред е – додаде Заев.

Тој рече дека не бега од дуел , но прво да се даде шанса на , 22 –ри да се посвети на тоа, да работи на постигање на решение затоа што е важно тоа.

Поврзани содржини