Претседателот на СДСМ Зоран Заев вечерва на трибината во Валандово обелодени дека актуелниот градоначалник Перо Костадинов е првиот потврден кандидат на СДСМ за градоначалник на Валандово на претстојните избори.
Можеби ќе ве интересира
– За некој ден ќе ги објавиме првите 20-на кандидати за градоначалници, на почетокот на август ќе ја објавиме втората група кандидати, а третата група кон крајот на август. Но, нема посоодветно место од Валандово, да го објавам првиот кандидат за градоначалник, за кој нема никакви дилеми ниту во општинската организација на СДСМ, ниту меѓу коалицијата. Драго ми е да го објавам првиот градоначалник, кој ќе биде и избран на следните локални избори, Перо Костадинов, човек кој тоа го залужува. И ја користам приликата да ја упатам пораката до сите функционери: трудете се, работите, служете му на народот и нема дилеми дека ќе ја добиете довербата и од граѓаните и од своето партиско ракводство – рече лидерот на СДСМ.