Заев: Кирил и Методиј се словенски просветители, не може да ја присвојуваат глаголицата

1,133

Премиерот Зоран Заев во интервју на ТВ Телма вечерва, одговарајќи на прашање за преименувањето на празникот 24 Мај од страна на бугарското Собрание, како Ден на бугарската азбука, рече дека сите знаеме дека Кирил и Методиј се словенски просветители и дека не може некој да ги присвојува или глаголицата да ја прикажува како сопствена азбука.

Во однос на прашањето за македонското малцинство, Заев рече дека не само што немаме територијални претензии, туку немаме намера да се мешаме во внатрешните работи и оти тие работи се решаваат на меѓународно ниво.






– Ако однапред ги исцртате црвените линии, нема да имате за што да разговарате. Се отвораат можности за разговори, за што се враќате дома и треба да помине парламент, Влада… Со стоењето во место губиме. Хрватска беше зад нас во 2005 година, а видете ги каде се сега – додаде Заев.

Поврзани содржини