Заев: Изборите да се одржат во средината на јуни (ВИДЕО)

761

Очекувам датум за изборите кој, според нас, е во средината на јуни, поточно на 14 јуни, и очекувам консензус и здраворазумски да ги донесеме одлуките,. Сега е одговорно да се излезе пред граѓаните и да се соопшти во кој период е најдобро да се одржат парламентарните избори, изјави на прес конференција која е во тек, лидерот на СДСМ, Зоран Заев по денешната средба со коалицијата „Можеме“.

Заев рече дека ова е ставот на коалицијата, со којшто ќе одат во вторник на лидерската средба кај претседателот на државата, Стево Пендаровски и дека треба да се искористи моментот на олабавување на коронавирусот.






– Заклучивме дека на државата и се потребни избори веднаш штом се создадат услови за нивно одржување. Доколку продолжи да се намалува заразата, тоа е најдобро од здравствен и економски апсект. Добро е да се одржат во такви услови зашто не се загорозува здравејто на граѓаните, особено што наесен се очекува нов пик. Тоа би и дало можност на држата подобро да се подготви за новиот бран со Собрание и функционални инситуции – рече лидерот  на СДСМ.

Тој нагласи дека кризата со корона вирусот остави сериозни последици на економијата и затоа се потребни Собрание и Влада со целосен легитимитет за да можат да преземат соодветни чекори за нејзино надминување.

– Нашата држава навремено презеде мерки и добро се справува со вирусот, но не треба опуштање – апелираме граѓаните да се придржуваат и да ги почитуваат сите препораки, потенцира Заев.

 

 

Поврзани содржини