Заев: Институциите ќе ги разгледаат предлозите на оштетените од Еуростандард банка

1,028

Премиерот Зоран Заев, придружуван од вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, се сретна со претставници на Иницијативниот одбор за формирање здружение на оштетени граѓани од „Еуростандард банка“, соопшти владата.

-На состанокот се споделени некои од проблемите со коишто се соочуваат оштетените граѓани, физички и правни лица, по пропаѓањето на „Еуростандард банка“ и се слушнати предлозите од Иницијативниот одбор, за можни решенија. Заев најави дека предлозите ќе бидат разгледани од страна на институциите и дека претставниците на Иницијативниот одбор ќе добијат повратна информација. На состанокот е поздравена отвореноста на премиерот Заев и на Владата за средба, со цел разгледување на проблемот и можните решенија, се вели во соопштението.

 

Поврзани содржини