Заев: Инспекторите дадоа аргументи за Пауновски кои се вредни за размислување

Премиерот рече дека тој прво ќе ги прочита детално документите што му ги дале инспекторите па ќе го даде ставот пред влада.

5,625

Премиерот Зоран Заев пред да го изнесе својот став во врска со разрешувањето на директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски кој одби да ги вработи понудените 35 „рамковни административци“, ќе ги има предвид образложенијата и документите кои денеска на средбата  му ги предале вработените во Инспекторатот.

Заев рече дека не станува збор за негово премислување во однос на разрешувањето на Пауновски, бидејќи не смее да дозволи еден од директорите на 237 институции во кои се распределени рамковните административци да ги криши законите одлуките на владата и кодексот на однесување, туку дека инспекторите му дале материјали  кои треба да ги прочита.






– Ќе ги прочитам во детали материјалите кои ми ги дадоа инспекторите па ќе го кажам мојот став пред Владата.Тие предочија аргументи вредни за размислување –  рече Заев.

Тој додаде дека инспекторите во кратки црти му кажале дека Пауновски е добар раководител

– Рекоа дека е добар човек дека го унапредил работењето на инспекторатот дека е опремен и екипиран инспекторатот кој се најде во во оваа кризата. Сфатив дека имаат коелгијален однос со колегите , но и дека има некои слабости. Сакам да ги видам документите и потоа ќе се произнесам за Пауновски. сепак сметам дека треба да се има предвид и кодексот на однесување – рече Заев.

Заев е дециден дека  коалицискиот партнер ДУИ нема никакво барање во делот на разрешување на Пауновски.

– Десет дена да се препукуватe со вицепремиерите е недозволиво. Не го добив на телефон во Брвеница кога бев, но тој можел да дигне телефон и да дојде во владата. Тој е еден од моите први партиски соработници. Беше прв човек на партијата во Тетово. Во петок се слушнавме. Соработката со него ќе продолжи каква и да е одлуката на владата денеска. Не е лесно да се реши прашањето со 1300 административците кои не работеа а земаа плата. но тоа треба да се спроведе. На купче пари доаѓаат во инспекторатот од владата засекогаш за овие вработувања – рече Заев.

Тој рече дека владата денеска ќе дискутира и ќе ја донесе конечната одлука за Пауновски.

Поврзани содржини