Заев: Индустриската зона „Новине“ поради лесната комуникација е атрактивна за инвеститорите

Индустриска зона „Новине“ зафаќа површина од 65 хектари се наоѓа на исклучително атрактивна локација,  до автопатот E-75 „Пријателство“, на пет километри до границата со Србија.

1,203
Индустриска зона „Новине“ ќе биде предмет на интерес на голем број  домашни и странски инвеститори, бидејќи овозможува брза и лесна комуникација со партнерите и пазарот од регионот со потенцијал од 20 милиони потрошувачи, рече премиерот Зоран Заев при посетата на зоната заедно со
градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски.





– Индустриска зона „Новине“ зафаќа површина од 65 хектари се наоѓа на исклучително атрактивна локација,  до автопатот E-75 „Пријателство“, на пет километри до границата со Србија. Таа има 51 градежна парцела со различна големина, урбанистички е уредена за лесна и незагадувачка индустрија, трговски единици, сместувачки капацитети, сервиси и стоваришта – рече  Заев.

Тој денеска заедно со градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски направи увид на  изградбата на инфраструктурата во зоната.

-Ја користам оваа прилика да ве уверам дека Владата и натаму останува посветена на поддршка на проектите кои носат потенцијал за развој на општините и за отворање на нови перспективи за бизнис заедницата – рече  Заев.
За инфраструктурно уредување на зоната владата  инвестира  24 милиони денари. Поставена е атмосферска канализациона мрежа од 1 километар, а во план е и асфалтирање на површина од 2.210 метри квадратни, со претходно поставени 10 сливници.
Димитриевски, пак , рече дека општина куманово ќе продолжи да инвестира во зоната.
– Во план преку јавно наддавање да дадеме парцелите, а парите кои ќе се добијат од продажбата на слободните парцели да ги реинвестираме во оваа индустриска зона, со цел да се овозможи и на домашните стопанственици а потоа и на странските инвеститори да инвестираат во сегментот на лесна и незагадувачка индустрија – рече  Димитриевски.
Поврзани содржини