Заев: Имаме кристална и недвосмислена потврда и за македонскиот јазик и за идентитетот

302
Никогаш не смеат да се заборават жртвите на претходните генерации поради чиј самопрегор, денес Република Северна Македонија е меѓународно призната држава со сите постулати на државност, рече од Куманово, претседателот на владата Зоран Заев од свеченото одбележување на 11 Октомври – Денот на Народното Востание на Спомен Костурницата, каде што бројни делегации положија свежо цвеќе.





– Денеска стоиме тука во Куманово, горди со кренати глави, чувајќи го заветот на нашите државотворци. Во темелот на македонскатаа државност се вградени заложбите напорите и саможртвата на огромен број генерации. Генерации на борци кои не се штедеа себеси ниту својата младост и своите животи. Благодарение на овој самопрегор денес РС Македонија е меѓународно призната држава со сопстена армија, со државна валута и сите постулати на државност, нашето место во ОН е кристална и недвосмислена потврда и за македонскиот јазик и за македонскиот идентитет. Македонскиот јазик се користи слободно секаде во сите меѓународни институции, активности, и настани во европските институции – рече Заев.
Ваквите настани, смета претседателот на влaдата, ги потврдуваат европските и демократски вредностите по кои треба да се продолжи, а сега повикот е обезбедување меѓународно интегрирана држава.Во претходниот мандат потсети Заев, постигнат е договорот за добрососедство со Бугарија и договорот од Преспа, со што, истакна ,Северна Македонија се проби на меѓународен план и стана успешна приказна која го менува наративот на Балканот, земја сојузник со соседите, што е значајно во пандемијата.

– Сето ова се реализираше првенствено низ полноправно членство на нашата држава во НАТО и со утврдување на почетокот за преговори со ЕУ, како и низ градење партнерки односи со сите наши соседи – рече премиерот.

Осврнувајќи се на НАТО, претседателот на Владата истакна дека државата станува фактор на стабилност во регионот и никогаш повеќе нема да биде ставена под прашалник, ниту изолирана од светот.

Пред три години, од како што рече заробена држава, сега со решени горливи проблеми, доаѓа време на ред, правда и дисциплина и ги повика сите засегнати да придонесат за градење систем за правда.

Кој не сака да го почитува законот, ќе се соочи со законот, рече премиерот.

Од Куманово испрати порака до граѓаните и институциите дека во пресрет на неизвесната есен, борбата со пандемијата продолжува и ќе се вжештува.

– Ова е нашата битка денес. Имаме невидлив непријател со кој очекувам да се избориме заедно – институциите и граѓаните, повика премиерот.

Тој се осврна и на антикризните мерки, со кои се обезбедува егзистенција за најранливите, со кои, додаде, се зачувуваат работни места и се посветува внимание на погодените сектори.

Земјата е на добар пат рече премиерот, и треба да се продолжи. Ги повика граѓаните да бидат коректив на властса, со издржани аргументи да ги кажат своите потреби. Освен со пандемијата, додаде се води битка и со феноменот на лажни вести кои рече се убиствени исто како вирусот и ја повика опозицијата да ги напушти партиските интереси и да покаже државничко однесување.

Поврзани содржини