Заев има комплекс на спасител

Заев во делузии на грандиозност и историски протагонизам на кој нема право..

2,482

Убаво ме потсети еден драг пријател, вика: Грујо беше диктатор, тоа беше неговата персона, ја имаше прифатено и интериоризирано.

Заев има комплекс на спасител, што на крај се сведува на истото, но е далеку поопасен во глупостите кои може да ги направи, бидејќи и он мисли дека се од него зависи и без него не може и не смее ништо да се случи.






И погледнете го во интервјуто.

Јас ќе казнувам, јас ќе забранувам, јас ќе помирувам, јас ја разбирам историјата вие другите не, јас Зоран Заев давам гаранции, јас Зоран Заев имам мандат од 4 години, јас Зоран Заев само можам.

Јебига, странската поддршка прави чудо кај политичарите. Кај некои ги тера на отпор, некои на прагматичност, а некои како Заев ги тера во делузии на грандиозност и историски протагонизам на кој нема право.

(ФБ статус на авторот)

Поврзани содржини