ЗАЕВ ИМ ПОРАЧА НА СКОПЈАНИ Не го давајте Скопје на оние кои веќе го унаказија

Лидерот на СДСМ додаде дека на први ноември ќе осознаеме дали самите себе си сме си поставиле кочници, бидејќи во спротивно противниците преку исходот од изборите во Скопје сакаат да го вратат режимот.

1,224

Можно е, остварливо е, неопходно е обединување, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев на обединувачкиот собир на партијата. Тој кажа дека секое време има свои предизвици, дека се тешки компромисите на дипломатските маси, дека не се лесни ниту компромисите со себе си, но дека е должност да одиме напред.

– Тоа е единствено можно на потешкиот начин. Извлековме повеќе поуки, или ќе бидеме сите среќни или ќе нема среќа за никого, но убеден сум дека ќе го избереме најдоброто. На само еден чекор сме низбрдо, дали во 2006 година или во 2001 година и повторно да сме во кризи. Ништо не е потешко од последниот центиметар до целта. Сме имале бројни препреки и закани по живот, но на еден центиметар до врвот имаме најмногу комоција, но на таа точка нема да се лизнеме. Уморот ќе го претвориме во концентрација и волја и нема да дозволиме сами да си ставиме кочници на патот – кажа Заев.






Тој додаде дека на први ноември ќе осознаеме дали самите себе си сме си поставиле кочници, бидејќи во спротивно противниците преку исходот од изборите во Скопје сакаат да го вратат режимот.

– Не давајте му го Скопје на оние кои веќе го унаказија, го нагрдија и му ја одзедоа душата. Скопје не заслужува ново понижување, нови забегани експерименти и нови изживувања врз неговата урбана физиономија. Тоа нема да се случи бидејќи Скопје го заслужува најдоброто! Слободоумните граѓани на Скопје знаат да одржат лекција, но знаат и кога им се потребни на својот град и на својата држава, ги знаат и своите одговорности. Прогресивното граѓанство на 31-ви октомври ќе гласа за Прогрес – бидејќи тоа е неговата, тоа е нашата лична идеологија – најдоброто за сите! – повика Заев во своето обраќање пред скопјани.

Прогресивното граѓанство на 31-ви октомври ќе гласа за Прогрес – бидејќи тоа е неговата, тоа е нашата лична идеологија – најдоброто за сите, порача вечерва претседателот Зоран Заев пред граѓаните на Скопје.

Тој пред присутните посочи дека во овие четири години постигнати се бројни успеси на државен и локален план и дека тој континуитет треба да се одржи и во иднина.

– Гледате почитувани граѓани, дека до овој момент не зборувам за десетиците изградени и реконструирани градинки и училишта, болници и културни домови, илјадниците километри регионални, магистрални, локални патишта и канализациски мрежи. Гледате и дека не зборувам за покачените плати, за по 6.000 денари, за по повеќе од сто евра – и минималната плата која од 9 оди на 18.000 денари, ниту за 300-те проценти покачена социјална помош, за економските мерки коишто во услови на незапаметена пандемија, помогнаа семејствата да не останат гладни, фирми да не се затворат, уметници да се носат со последиците од кризата, којашто го зафати целиот свет. Знам дека знаете дека ќе има нов тренд на покачувања на платите, покачувања на пензиите два пати годишно, нови инвестиции, нови работни места, ако останеме на евро-атлантскиот пат, бидејќи овој пат носи прогрес – рече лидерот на СДСМ.

Заев истакна дека знае дека не треба да ги убедува дека тие парите ги вложуваме кај граѓаните, наспроти онаа режимска структура на Никола Груевски, чијашто продолжена рака е и ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски, којашто, да речат дека краделе – е малку. Грабаа, арамиски пљачкаа, бркаа од работа, газеа по човековото достоинство.

– Знам дека вие, разликата меѓу 11-годишната режимска власт и оваа 4-годишна демократска власт, ја знаете. Вие знаете дека ние никого не влечеме за уши, никому не посакуваме да заврши во ендек. Никого не присилуваме да излезе на протест, на митинг, на избори. Никого не бркаме од работа за различно мислење и искажан став. Не ги делиме луѓето на наши и некои други. Не го подриваме соживотот, туку искрено веруваме во концептот што го градиме – Едно општество за сите, во коешто сите имаме исти права, но и подлежиме на исти обврски пред законите и пред државата – порача Заев.

Малку недостига со непресметливи луѓе, како што е раководството на ВМРО-ДПМНЕ да ни отиде земјата во провалија, кажа претседателот на СДСМ, Зоран Заев на граѓанскиот собир. Тој додаде и дека владејачкото мнозинство е стабилно и ќе се зголемува.

– И уште нешто – најавувам вечерва – давам јасна насока и директива, во сите општински организации, кај сите наши градоначалници, сите министри и директори – GAME CHANGE – излегоа проблемите на виделина – фрчат пораки со проблемите на луѓето – тргнуваме со нов систем каде секој граѓанин ќе добие одговор – прво дека пријавата или поплаката или барањето се примени, а веднаш потоа и упатување од секоја институција како ќе се решава проблемот. Систем другари. Правила и процедури. Секој штој пријавил проблем добива одговор, фидбек. Ама секој. Без разлика кој е. Систем услуги кој оди рамо-до-рамо со дигитализацијата. А ако некој не добие соодветна услуга, ќе светне црвено на компјутерот и одма се знае кој затаил, кој не работи како што треба – кажа Заев.

Поврзани содржини