Заев им го покажа на Рама и Вучиќ кејот на Вардар, па падна селфи ФОТО
Попладнево им посакав добредојде на претседателот на Србија, Вучиќ и на премиерот на Албанија, Рама после што имавме заедничка прошетка по новиот скопски кеј, каде домаќин ни беше градоначалникот Шилегов, објави Заев.
Премиерот Зоран Заев попладнево ги пречекал српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама, кои ќе учествуваат на главниот панел на Регионалниот економски форум што ќе се одржи утре во Скопје.
– Попладнево им посакав добредојде на претседателот на Србија, Вучиќ и на премиерот на Албанија, Рама после што имавме заедничка прошетка по новиот скопски кеј, каде домаќин ни беше градоначалникот Шилегов. Разговаравме и со граѓаните во центарот на Скопје, како најава на Економскиот форум за регионална соработка кој првпат се одржува во Северна Македонија, како и за отворањето на нови перспективи за нашето поврзување – напиша премиерот Заев на својот фејсбук профил.
Балканот, пишува тој, е нашиот заеднички европски дом во кој се поддржуваме и во кој ги унапредуваме односите.
– Нашиот поглед е напред, кон подобро утре, кон економски раст и развој, кон добробит за нашите народи – напиша Заев на Фејсбук.