ЗАЕВ И ВИЦЕ РЕГИСТРИРАА ФОНДАЦИЈА „Едно општество за сите“ ќе им помага на младите, културата, животната средина…

Во регистрацијата пишува дека фондацијата ќе врши дејности и активности за унапредување, поддршка и развој на општеството, јавното здравје, едукацијата на млади, заштита на животната средина, спортот, културата, уметноста и деловната заедница Струмица, пишува МКД.

560

Она што беше најавено уште во март годинава, денеска и официјално доби регистрација во Централниот регистар на Македонија: Фондација Заев – Едно општество за сите, објави порталот МКД.мк.

Сопственици на фондацијата се поранешниот премиер и неговиот брат, Зоран и Вице Заев, со основна главнина од 20 илјади евра. Експремиерот е наведен како директор на фондацијата.






„Во регистрацијата пишува дека фондацијата ќе врши дејности и активности за унапредување, поддршка и развој на општеството, јавното здравје, едукацијата на млади, заштита на животната средина, спортот, културата, уметноста и деловната заедница Струмица“, пишува МКД.

Дека ќе се посвети на лична фондација, Заев најавуваше и пред повлекувањето од функцијата премиер, а информации за таквиот план на премиерот излегоа и во март годинава кога тој заедно со поранешниот министер за здравство, Венко Филипче, учествуваа на Форумот за дипломатија во Анталија, Турција.

Поврзани содржини