ЗАЕВ И СПАСОВСКИ ДА ПОДНЕСАТ ОДГОВОРНОСТ ЗА АФЕРАТА „ВАЈБЕР“ Од ВМРО-ДПМНЕ извадија нови докази за криминалното однесување на полицијата

Групата била организирана преку група на Вајбер, а од ДПМНЕ денеска објавија и повеќе детали за идентитетот на посочените полицајци.

1,184

Од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да вадат детали во јавноста, за наводниот криминал на група полицајци во МВР, која во текот на кампањата малтретирала, шиканирала и им се заканувала на нивните членови, симпатизери и приврзаници.

Како што објавија од партијата, групата била организирана преку група на Вајбер, а од ДПМНЕ денеска објавија и повеќе детали за идентитетот на посочените полицајци.






„Според информациите кои ги добивме како докази од вибер комуникација на група формирана од полициски функционери во Прилеп под водство на Кире Китаноски, шоферот на советникот на Спасовски, Оливер Лукарески, командирот на ОВР Прилеп Дарко Цуцулоски, началникот на НККР во Прилеп, заменикот командир Ванеса Колашинац и други полициски службеници организирале следење на кандидатот за градоначалник, а сега веќе и градоначалник Борче Јовчески, тој бил следен, а извештаи за неговото движење биле пишувани во групата. Полициските функционери наместо да ги штитат граѓаните го загрозувале нивното здравје. Па така полициски службеник кажува дека пратил билдери да тепаат нивен сограѓанин, а друг се надоврзува дека и тој му испратил поздрав“, се вели во соопштението на партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека одговорни за постоењето на една ваква криминална група во МВР се министерот Оливер Спасовски, како и премиерот Зоран Заев.

„Заев и Спасовски наместо да глумат дека не знаеле да понесат одговорност. А Јавното обвинителство да отвори постапка веднаш. Ваква злоупотреба на институции во партиски и изборни цели не памети поствоена Европа. Доколку ЈО не отвори случај и мисли дека ова ќе се заборави, треба да знаат дека по ослободување на институциите ќе одговараат сите кои го заташкувале овој случај“, стои во соопштението.

Поврзани содржини