Заев и Николовски со изјава се откажале од патните трошоци што би ги добиле како пратеници

677

Лидерот на СДСМ Зоран Заев и генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски потпишале изјава со која се откажуваат од патните трошоци што би ги добиле како пратеници во Собранието.

„Укинувањето на патните трошоци за пратениците е изборно ветување на СДСМ и наша програмска определба. За да дадеме пример, да бидеме оние од кои оваа иницијатива тргнува во пракса, вчера заедно со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ги потпишавме изјавите со кои јас и тој, официјално се откажуваме од средствата кои ни следуваат на имe на патни трошоци“, напиша Николовски на својот профил на Фејсбук.






Тој ги охрабрува колегите од сите партии да го следат овој чекор.

„Да дадеме мал придонес во насочување на што повеќе пари кај граѓаните, кај оние на кои им се најпотребни“, порача Николовски.

Поврзани содржини