Заев и Мицкоски се простија од маестро Џорлев

Според инфромациите, Џорлев веќе некое време се лекувал од ковид-19, но за жал неговиот организам не успеал да се избори со болеста.

1,213

Претседателот на Владата, Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва изразија длабоко жалење за смртта на познатиот музичар Зоран Џорлев и упатија сочувство до неговото семејство.

Премиерот Заев во својот пост на Фејсбук вели дека со голема тага ја примил веста за прераната загуба на виолинистот, професор и солист, Зоран Џорлев.






– Неговите виртуозни изведби и обработки на македонски народни, филмски и џез композиции ќе останат како огромно непроценливо богатство на народната ризница. Од мое лично име и од име на Владата изразувам искрено и длабоко сочувство. Нека е вечен споменот! Човек со големо срце и добрина. Маестро големите никогаш не умираат. Слава ти!

Лидерот на опозицијата, исто така објави пост на својот Фејсбук профил со фотографија од Џорлев.

– Човек со големо срце и добрина. Маестро големите никогаш не умираат. Слава ти!“, напиша Мицкоски во прошталната порака за ненадејно починатиот музичар.

Поврзани содржини