Пред половина час стигна резултатот на лидерот на СДСМ Зоран Зеав и тој е негативен. Се продолжува според стандардните препораки, а тоа е дека е попишана задолжителна самоизолација од една недела од денешниот ден, соопшти на редовната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.
– Сите кои досега имале контакт со двајцата лидери на партии не се во никаков ризик, не треба да се тестираат и самоизолираат – рече Филипче.
За експресното тестирање на лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ Заев и Христијан Мицкоски, Филипче рече дека не станува збор за политички приоритети туку дека двајцаата лидери се многу експонирани во јавноста, имаат контакти сомногу луѓе и институции, Заев и со владата и дека токму поради тоа станува збор за заштита на институциите и медиумите кои се едни од најсериозните партнери во битката против коронавирусот.