ЗАЕВ И КОВАЧЕВСКИ ЈА ПОСКАПЕА СТРУЈАТА Сега Душко Заев ќе профитира
Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ не сака предвремени избори, затоа што ќе не може бизнисите на нивниот ментор да профитираат на грбот на народот.
Зоран Заев додека беше на власт, и сега Димитар Ковачевски систематски ги уништуваат домашните капацитети за производство на струја. Хидроакумулациите ги пресушија, а РЕК го оставија без јаглен. Сега во сред енергетска криза Македонија да треба да ги покрива и до 50% од своите потреби на струја од увоз, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
– И откако СДСМ енергетски ја опустоши Македонија, Заев, преку неговиот син Душко Заев, отвора фирма за трговија со струја. Заеви сега ќе печалат на грбот на народот, сите ќе плаќаат поскапа струја за менторот на Ковачевски Заев да ниже профити – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, тоа е и причина зошто СДСМ не сака предвремени избори.
– Бизнисите на нивниот ментор нема да можат да профитираат на грбот на народот – велат од ВМРО-ДПМНЕ.