Министерот за здравство, Венко Филипче, објави на својот профил на Фејсбук фотографија објаснувајќи дека вториот ден во Новата година го поминува со премиерот Зоран Заев и со нивните синови.
„Времето кое го поминуваме со децата е најважно. Работните обврски си го прават своето, но секогаш се трудиме и наоѓаме време за нашите синови Иво и Душко. Денеска денот е за дружење со нашите деца. Бесценети мигови со нив, на убавата Беласица“, напиша Филипче.