ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СО ХЕЛИКОПТЕР НА МВР ЛЕТАА ДО ПРИЛЕП Ги злоупотребуваа државните ресурси, а сега СДСМ растура пердуви, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Заев и Филипче, наместо за борба против ковид 19, парите ги трошеа за летање со хеликоптер од Скопје до Прилеп, реагира ВМРО-ДПМНЕ и ја повикува СДСМ наместо демагогии и лаги, да понудат идеи за граѓаните.
СДСМ повторно покажува дека нема никаква визија и идеја за развој на Македонија, без идеи секојдневно растура пердуви во јавноста и шири дезинформации, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Јавноста добро памети дека Зоран Заев и Венко Филипче одеа на настани во Македонија со државен хеликоптер. ДУИ пак, владиниот авион го користеше и за летови до Ниш. Јавноста добро се сеќава дека од 30 дена, владиниот авион ексминистрите на ДУИ и СДСМ го користеле 25 дена“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Заев и Филипче, се додава, летаа од Скопје до Прилеп со хеликоптер на државна сметка.
„Зоран Заев со Венко Филипче и Јагода Шахпаска, со хеликоптер на МВР, летаа до Прилеп на означување почеток на изградба на нова енергетски ефикасна градинка во сред пандемија. Заев и Филипче, наместо за борба против ковид 19, парите ги трошеа за летање со хеликоптер од Скопје до Прилеп. Заев и Филипче ги злоупотребуваа државните ресурси, имајќи предвид дека едно летање на хеликоптер чини колку стотици вакцини и други потребни медицински материјали“, се вели во соопштението.
СДСМ, се додава, наместо демагогии и лаги, да понудат идеи и конкретни решенија за предизвиците со кои се соочуваат граѓаните и државата.
„Времето на недомаќинско работење како во времето на СДСМ заврши. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е посветена на работа која носи резултати за подобар животен стандард на граѓаните“, порача ВМРО-ДПМНЕ.