ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СЕ БОГАТЕА ОД ГРАБЕЖИТЕ ВО РЕК Марковски да каже дали од тие пари се финансираше СДСМ, повикува ВМРО-ДПМНЕ
Овие тендери и грабежи немаше да бидат возможни ако врвот на СДСМ работеше чесно и одговорно. Затоа потребно е да има правда и одговорност“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Зоран Заев и Венко Филипче беа тие кои дозволуваа преку РЕК и ЕСМ, ним омилената фирма Марковски компани, да добива тендери со големи суми, а за возврат се богатеа и полнеа џебови од парите на граѓаните – обвини ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.
„Дека има голем број на сомнителни тендери, говори и фактот што Марковски компани, за сличен тендер, една година земал околу 1.500 денари саатница, додека пак другата година – 4.000 денари. Сето ова немаше да биде сомнително, доколку цената останеше иста, или се зголемеше незначително, но разликата меѓу двата тендера е 90 милиони денари, пари на граѓаните. Сопственикот на Марковски компани, треба јасно да каже каде завршиле овие пари? Дали во џебовите на Заев и Филипче? Дали за бизниси во Бугарија и Дубаи? Дали за финансирање на СДСМ? Овие тендери и грабежи немаше да бидат возможни ако врвот на СДСМ работеше чесно и одговорно. Затоа потребно е да има правда и одговорност“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.