Заев и Филипче го отворија погонот за производство на канабис на „НЈСК Холдинг“

Новата фабрика се протега на површина од 17.800 метри квадратни во индустриската зона Ќојлија во Општина Петровец.

692

Првата македонска компанија лиценцирана за одгледување канабис за медицински цели „НЈСК Холдинг“ денеска го отвори прроизводствениот капацитет за кој инвестираше над 16 милиони евра.

Новата фабрика се протега на површина од 17.800 метри квадратни во индустриската зона Ќојлија во Општина Петровец.






Новиот производствен погон располага со најсовремена опрема за хемиско физичка и микробиолошка лабораторија за која се инвестирани над еден милион евра.

Според премеирот Зоран Заев, кој присуствуваше на оворањето, ваквите инвестиции во услови на пандемија влеваат сигурност и отвораат работни места.

-Верувам дека Парламентот е подготвен за предложените законски измени за коишто имаше блокирање во минатиот период. Со измена на Законот за опојни дроги ќе се овозможи извоз на цвет од канабис за медицински цели кои ќе поттикнат нови инвестиции и развој, и нови работни места – рече Заев.

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека ова е едно поле кое има многу светла иднина, бидејќи според клиничките студии помага во многу состојби и дијагнози во сферата на неуронауката.

Во наши услови отвара можност за нови работни места. Нашиот Закон за опојни дроги е веќе во собраниска процедура, ќе претпи измени со којшто дополнително ќе ги стимулираме и инвеститорите и младите луѓе да ја гледаат иднината во нашата земја. На овој начин се отвара место за висококвалификуван кадар – рече Филипче.

Компанијата НJСК е дел од групацијата PHCSNN Internationale основана 2016 година и има лиценци за одгледување медицински канабис, лиценца за екстракција на медицински канабис и лиценца за производство на финални фарамецевски производи

Поврзани содржини