🎥 ЗАЕВ ГРАДИ ЗГРАДА НА 40 КАТА ВО ДУБАИ, А ФИЛИПЧЕ ТАМУ СИ КУПИЛ СТАН, СЕ ПОЈАВИЈА СВЕДОЦИ Дали и за оваа „бомба“ ќе расправа Антикорупцискиот тим на СДСМ?

Каква е врската на Вице Заев и Енко Колашинац, праша Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција на која емитуваше лично сведоштво на Томе Аврамски, поранешен соработник и познаник на Зоран Заев.

2

ВМРО-ДПМНЕ јавно поднесува пријава до Антикорупцискиот тим на СДСМ, и тоа лично за Зоран Заев, кој гради зграда на 40 ката во Дубаи, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој презентираше видеозапис од интервју на Томе Аврамски, поранешен соработник и познаник на Зоран Заев, во емисија на ТВ Хепи, во соседна Србија.






– Ова е сведоштво на човек кој тврди дека бил таму и го видел тоа. Томе Аврамски, поранешен соработник и познаник на Зоран Заев, кажува лично сведоштво дека бил во Дубаи и ја посетил зградата која ја гради Зоран Заев. Но, исто така кажува и дека Венко Филипче има стан во Дубаи.

Манасиевски рече дека ова е скандал од невидени размери, но и доказ дека златните визи на Зоран Заев и Венко Филипче се добиени врз база на инвестиции во недвижности.

– Во своето сведоштво, Томе Аврамски вели, цитирам: „Еве јас сега одам во Дубаи, таму нешто работам и он (се мисли на Заев) е таму. Таму се сите. Тука е и Заев, тука е и бившиот министер, сега лидер на СДСМ (се мисли на Венко Филипче), и он е тука. Јас баш сум бил во зградата каде што купија станови. Еве сега Заев гради во Дубаи, зграда од 42 спрата. Тоа се големи инвестиции, тоа се милиони евра“ – ги цитира Манасиевски зборовите на Аврамски.

Фото: Принтскрин

Манасиевски јавно постави неколку прашања до СДСМ и до неговиот новоформиран Антикорупциски тим (АКТ).

– Имаме пријава до антикорупцискиот тим на Венко, и тоа лично за Зоран Заев. Дали е точно дека додека државата ја остави на колена, опустошена, Зоран Заев гради зграда во Дубаи и тоа 40 катница? Од каде му се парите за тоа? Дали се од РЕК Битола и дали за тоа е вмешан Вице Заев? Каква е врската на Вице Заев и Енко Колашинац? Дали за овие „бомби” ќе расправа антикорупцискиот тим на СДСМ? Вистината излегува на виделина. Правда мора да има – рече членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ Манасиевски.

Поврзани содржини