ЗАЕВ ГРАДИ ЗА НАРОДОТ Има пари за асфалтирани улици, зашто не се трошат за врби и стиропор
Лидерот на СДСМ вели дека влогот во проекти од инфраструктура е влог во иднината, затоа што тие остануваат да им служат на граѓаните со години и децении.
Градиме за нашиот народ – асфалт наместо кал. Затоа се обврзуваме да донесеме водовод и канализација онаму каде што нема, а онаму каде што има редовно да го одржуваме и унапредуваме. Ќе продолжат и инвестициите во атмосферска канализација, како и реконструкција на улиците во општините, локалните и полски патишта, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев во Општина Дебрца.
-Токму затоа влогот во инфраструктурата е влог во развојот. Комуналната инфраструктура останува во нашиот фокус, а општините плански ќе ги зајакнуваат капацитетите на јавните градски претпријатија. На тој начин ќе го поттикнеме развојот на секоја општина, без разлика дали е таа мала или голема, урбана или рурална. Секоја општина ни е важна.За само четири години изградивме и реконструиравме над 1.000 километри патишта. За само 4 години изградивме 60 градинки, 80 училишта, 60 објекти за полицијата, 34 здравствени установи, 20 домови на културата, театри, општински згради – рече Заев.
Можеби ќе ве интересира
Покажавме,додаде тој, дека има пари во државата и може да растат платите и да се инвестира во капитални проекти.
– Има пари во државата оти сега тие не одат на споменици, на барок, на палми, жални врби и криминални тендери. Денес секој денар од Буџетот се троши рационално, во проекти кои носат придобивки за граѓаните. Чистата вода за пиење, здравата животна средина, уредените улици и патишта, градинките и училиштата се огледало на една општини и најважни за тоа какво услови за живот имаат граѓаните. Влогот во овие проекти е влог во иднината, затоа што тие остануваат да им служат на граѓаните со години и децении -рече Заев.