Заев: Граѓаните на Штип денеска испратија порака и до бојкотирачот

455

Доктор Сашко Николов е новиот градоначалник на  Штип. Срцето на македонскиот Исток останува во сигурни раце, рече премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев обраќајќи се вечерва во Штип по денешните предвремени парламентарни избори за градоначалник.

Имавме, оцени Заев, успешен победнички ден, на фер, слободни, демократски и најважно од се, безбедни  избори за здравјето. Вечерва победи Штип и желбата да продолжи развојот.






Toj им се заблагодари на штипјани што, како што рече, покажале чувство и свест за својот град и општина да продолжи да се развива.

– Граѓаните на Штип денеска испратија порака и до бојкотирачот, блокирачот кој повторно избега од својот народ. Граѓаните го казнија неодговорното однесување на раководството на ВМРО-ДПМНЕ кон Штип и центарот на македонскиот исток. Кажаа да за напредокот на Штип, да  за грижа  одговорност и  стабилност, не за блокадите, за бојкотот, за лаги стравови и хистерии. Не дозволува овој  наш народ блокади, кочења и уништувања – рече Заев.

Николов, исто така, изрази благодарност што во време на пандемија, како што рече, Штип и штипјани покажале демократија општествена одговорност и дека ќе продолжи по европскиот пат.

Поврзани содржини