Заев: Го повикувам Дака да каже кому дал пари

Апсолутно сум имал само еден состанок со него, сум кажал дека не можеме да ја завршиме таа работа, и состанокот завршил. Го повикувам тој да каже кому дал пари - рече Заев.

1,393

Го повикувам госпдинот Дака, кој е сопственик на парцели во државата, јавно да објави кому дал пари, бидејќи пари се дадени за време на минатата власт, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешниот ТВ дуел со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Апсолутно сум имал само еден состанок со него, сум кажал дека не можеме да ја завршиме таа работа, и состанокот завршил. Го повикувам тој да каже кому дал пари – рече Заев.






Инаку, Миодраг Дака Давидовиќ е црногорски бизнисмен кој преку писмо раскажа за неговата поврзаност со бизнисменот Зоран Милевски Кичеец.

„Бизнисменот Зоран Милевски го запознав преку угледен белградски бизнисмен, кон крајот на 2016 година. Милевски ми е препорачан како сериозен деловен човек од Македонија, кој е во можност да ми ја пружи потребната поддршка и логистика, поради што и го ангажирав како консултант, преговарач и посредник, во деловни проекти кои сакав да ги реализирам во Република Северна Македонија“, пишува Дака.

Тој објаснува дека како сопственик на голема површина земјиште во општина Штип, на Брегалница, кое по својата локација е погодно за изградба и работа на мини хидроелектрана и паркови за енергија од ветер, постигнал договор со познати австриски и кинески компании, кои биле подготвени да обезбедат финансиски средрства за реализација на тој проект, додека негова обврска, како сопственик на земјиште, била да обезбеди градежна дозвола и сите останати документи, потребни за реализација на проектот.

„Со оглед дека во конкретниот случај се работеше за проект од повеќемилионска вредност, износот од 300.000 евра на име услуги консалтинг, посредување, логистика и застапување пред надлежните органи во Република Северна Македонија, не беше несразмерен со толку голема вредност на проектот. Значи, медиумската квалификација дека се работи за мито е премногу насочена и пресметана, бидејќи во овој деловен однос не постои ниту еден елемент што би укажувал, а камоли одредувал наведена исплата како мито и корупција. Сето ова укажува дека некому е само цел деловно да ме дискредитира и да се обиде да ја спречи реализацијата на започнатите деловни проекти во Република Северна Македонија“, вели Дака.

Поврзани содржини