Премиерот ги смирува Грците: Нашите фудбалери ја претставуваат Северна Македонија

897

По реакциите од Грција дека на дресот на Македонија пишува ФФМ, што претставува кратенка за Фудбалска федерација на Македонија, премиерот Зоран Заев во соопштение од неговиот кабинет за грчката новинска агенција АНА-МПА и за  грчката државна телевизија ЕРТ вели дека мора јасно да се знае која земја ја претставуваат фудбалерите, притоа користејќи го непопуларното, ново име на Македонија.

– Цела Европа знае дека нашата фудбалска репрезентација на првенството ја претставува Северна Македонија. Дури и Федерацијата да не е јавен ентитет, националниот тим е. Како што е во сите земји во светот. Па така, јасно е и треба да биде јасно на сите нивоа дека е репрезентација на Северна Македонија, ирелевантно од иницијалите на Федерацијата на дресовите. Веќе го покренавме конкретниот аспект со Федерацијата и во наредниот период ќе го решиме прашањето врз основа на Договорот од Преспа и правилата и традицијата на УЕФА – вели премиерот Заев.






Премиерот додава дека „имплементацијата на Договорот од Преспа е работа во тек и нашата цел е постепено да најдеме решенија со соседите кои го спроведуваат Договорот и да нè придвижат напред врз основа на соработката и взаемното почитување“.

Поврзани содржини