Ги повикав нашите амбасадори и претставници во земјите на ЕУ да разговараат со нашите граѓани од дијаспората колку е важно да се попишат и дека со тоа тие директно ќе придонесат за подобра македонска иднина, според критериуми, како во сите современи земји во светот, напиша на својот профил на Фејсбук премиерот Зоран Заев.
На денешниот работен состанок со шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на Северна Македонија, во земјите членки на Европската Унија и во постојаните мисии во ЕУ и во НАТО, заклучиле дека успешното спроведување на пописот е од државно значење, бидејќи е клучно во креирањето ефикасни јавни политики за потребите на граѓаните и за развојот на државата.
Преку апликацијата за самопопишување на дијаспората, заклучно со утрово во осум часот се евидентирани 153.574 граѓани.