ЗАЕВ ГИ ОСУДИ КАМЧЕВ И МИЈАЛКОВ НА ПО 20 ГОДИНИ Во Арачиново ги нарече бандити и им пресуди ВИДЕО

Истите овие кадри од криминалната банда на Груевски, меѓу кои и Мицкоски, го подриваа соживотот, за да го одвлекуваат вниманието на јавноста и слободно да крадат. А потоа други да одговараат, рече Заев.

7,441

Само парите и власта ги интересираше, ништо не работеа за нашиот народ, а потоа дури дојде времето да одговараат, еве дел од нив се осудени и по дваесет години, како Мијалков, како Камчеви и како не знам кои други бандити што беа во нашата држава, изјави Зоран Заев, премиер и лидер на СДСМ на митинг во Арачиново вечерва.

На трибината „Најдоброто за мојата општина ‘‘ пред арачиновци Заев се пофали дека го унапредиле Арачиново за 2 века и во својот говор го нападна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.






– Одржавме лекции по заедништво на оние другите кои глумат разбудени од деценискиот сон – демек ја разбрале вредноста на заедништвото. А сите знаеме, не се одамна тие времиња, во коишто истите овие кадри од криминалната банда на Груевски, меѓу кои и Мицкоски, го подриваа соживотот, за да го одвлекуваат вниманието на јавноста и слободно да крадат. А потоа други да одговараат. Е тоа го има само во режимот, ама режимот денес го нема, ниту ќе дозволиме да се врати- рече Заев.

Вербалните напади од премиерот почнуваат од 18 минута на снимката од Арачиново.

Поврзани содржини