Заев, Филипче и Ѕуо: Сега има доволен број за масовна имунизација

590

Премиерот Зоран Заев придружуван од министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на  Кина во Македонија Џанг Ѕуо денеска го посетија вакциналниот пункт во поликлиниката „Јане Сандански“ каде разговараа со граѓаните кои интензивно се вакцинираат и со медицинскиот персонал кој го спроведува процесот на вакцинација.

 

Како што соопшти владината прес-служба, премиерот, министерот и амбасадорот притоа се информираа за текот и дневниот капацитет кој го овозможува оваа поликлиника за непречено вакцинирање на нашите граѓани.
– Драго ни е што сме сведоци дека 200.000 дози вакцини од „Синофарм“ и се од помош на Северна Македонија за да изврши масовна вакцинација. Како што сме сведоци и премиерот Заев само што беше вакциниран со вакцината „Синофарм“, што е уште еден пример за пријателски односи меѓу Кина и Северна Македонија, демонстрирајќи ја целосната македонска доверба во кинеската вакцина која ја одразува добрата волја на Кина за активна поддршка на Северна Македонија во заедничка борба против епидемијата – изјави амбасадорот Џанг Ѕуо.

 

Тој потсети дка неодамна, преку видео врска претседателот Си Џинпинг и премиерот Заев, заедно со други лидери, присуствуваа на Самитот Кина-CEEC, со што се обезбеди важно планирање и лидерство за развој на механизмот за соработка, а исто така, даде силен поттик за соработката на Кина со Северна Македонија и другите земји од Централна и Источна Европа во борбата против епидемијата.

– Покрај сегашната огромна домашна побарувачка за вакцини, Кина ги надмина тешкотиите и обезбеди поддршка за Северна Македонија и другите земји, се со цел да работиме заедно за да изградиме заедница за заедничка иднина за човештвото. Вакцината е моќно оружје за надминување на епидемијата и сите страни треба да ја зајакнат меѓународната соработка за вакцините за да не остане ниту една земја во која има потреба од истите. Никој што чека вакцина не е заборавен. Кина е подготвена да продолжи да ги продлабочува практичните размени со Северна Македонија, да работиме заедно во борбата против епидемијата и да промовираме економско закрепнување за придобивки на нашите земји и народи – порача амбасадорот Џанг Ѕуо.

Вкупно 200.000 дози од „Синофарм“ вакцината од Пекинг, на 30 април пристигнаа во Скопје  и беа сместени во ‘ладната соба’ во поликлиника „Јане Сандански“, од каде од понеделникот почнаа да се дистрибуираат низ пунктовите за вакцинација во земјавата согласно закажаните термини за имунизација.

Поврзани содржини