Премиерот Зоран Заев на прес-конференција негираше дека изјавил оти српскиот претседател Александар Вучиќ е националист.
– Ех што сте. Немам кажано изјава јас за националист или слично. Тие ни се пријатели, покажаа солидарност и со тоа се дојде до зајакнување пријателската врска помеѓу двата народи. Ние сме братски народ, треба да си помагаме и подадената рака од Србија многу ни значи – истакна Заев.