Премиерот Зоран Заев Нова година ќе ја прослави дома со сопругата и децата, а изјави и дека ќе се вакцинира против ковид-19 за да биде пример за останатите граѓани во сузбивање на ширењето на вирусот во вереме на празниците. Тој рече дека очекува сите функционери празниците да ги поминат дома во кругот на семејството.
– Очекувам сите функционери да бидат добар пример оти така и граѓаните разумно ќе се однесуваат за празниците. Неприкосновеноста на домот е уставна категорија, ако во вила е само со своето семејство тоа е во ред. Битно е да нема групирање, апелираме сите одговорно да празнуваат. Ова е добро за да се видиме со децата, но не значи дека граѓаните не треба да заминат на село ако имаат куќа таму. Рестораните и угостителски објекти по 18 часот нема да работат. Мерките се јасни, но останува и доменот на одговорност – рече Заев и додаде дека ќе биде дома со сопругата и со децата.
Според Заев ограничувањето на работата на угостителските објекти до 18 часот е бидејќи во време на празници луѓето лесно се опуштаат и пија, а тогаш забораваат на маските и на другите мерки.
За прославата по изборите во Штип, Заев рече дека нема да понсе одоворност бидејќи носел заштитна маска
– Јас не учествува во прослави и пијачка. Дојдов, честитав и заминав.