ЗАЕВ ЌЕ СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ФУНКЦИЈАТА ДО КРАЈОТ НА МЕСЕЦОВ Тоа ќе се случи по обраќањето на Пендаровски во Собранието

Намерата на премиерот била да се повлече пред крајот на годината, со цел да почнат да течат роковите за нова влада, и тој процес да заврши до средината на јануари.

521

Премиерот Заев ќе се повлече од функцијата по годишното обраќање на шефот на државата Стево Пендаровски во Собранието, обвјави Дојче веле од неофицијални извори во владејачката коалиција.

Не се наведува дали тоа ќе се случи истиот ден или ден потоа, но намерата на премиерот била да се повлече пред крајот на годината, со цел да почнат да течат роковите за нова влада, и тој процес да заврши до средината на јануари.






Засега нема официјална потврда на овие наводи, но сосема е извесно дека крајот на оваа и почетокот на идната година ќе биде политички интензивен – од една страна е барањето за предвремени избори од страна на опозицијата, а од друга – намерата на актуелното мнозинство да формира стабилна влада која ќе ги води процесите до крајот на мандатот.

Поврзани содржини