ЗАЕВ Е ИЗМАМНИК И ГУБИТНИК Не го одржа зборот, а тие околу него се отсутни од реалноста, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Лажгото Зоран Заев, се вели во партиското соопштение, повторно не си достои на зборот- 9 дена по најавената фејсбук оставка, пропадна во земја, за да денес го храбрат неговите неколкумина соработници во криминал.
Аплаузот за Заев е доказ дека тие околу него се отсутни од реалноста. Се прашуваме за што му аплаудираат, за инфлацијата, за поскапувањето на струјата, за пожарот во РЕК Битола или тоа што нема струја или за тендерите со кои партал ја направи државата?, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
– Дали можеби му аплаудираа на Заев за немањето одговорност за 14 изгорени во моуларната во Тетово или за 500 заболени од ковид дневно и што сме со во врвот со највисока стапка по починати во светот? Дали му аплаудираа на Заев за тоа што сме најлоши по корупција на 111 место во светот или што сме прогласени за хибриден режим? СДСМ да појаснат за што точно е аплаузот за Заев. Отсуството од реалноста на СДСМ се гледа и по тоа што во криза дотерани во скапи автомобили се појавија да му дадат аплауз на Заев откако ги предводеше во катастрофален пораз и бега од одговорност и ветениот збор – вели ВМРО-ДПМНЕ.
Лажгото Зоран Заев, се вели во партиското соопштение, повторно не си достои на зборот- 9 дена по најавената фејсбук оставка, пропадна во земја, за да денес го храбрат неговите неколкумина соработници во криминал.
Заев е измамник и губитник, наместо да бара аплауз треба веднаш да си ја поднесе оставката, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.